Упатство за третман со оксална киселина

Оксалната киселина набавете ја само од ветеринарна аптека во оригинална амбалажа. Гледајте паковањето да не е со постар датум бидејќи оксалната киселина е со рок на употреба од најмногу 3 год. Кај нас најчесто се среќаваат паковања од 30 гр. но вие набавете толку колку што ви е потребно. Ориентир нека ви биде дека за едно друштво Ви требе од 1 до 1,5 грама (во зависност од јачината).

Третирањето е најдобро во текот на зимата кога нема легло, а оксалната се раствара во шекерен сируп.
Шеќерниот сируп се прави со дестилирана вода - 600 мл дестилирана вода и 600 гр. шекер даваат еден кг шекерен сируп. Сирупот потоа загрејте го на температура од 35 до 40 оС . До колку немате термомометар сирупот загревајте го до оној степен кога можете да ја издржите температурата ако ставите прст во неа.
После тоа ставете го сирупот во шише од 2 л. и ставете ја оксалната киселина во него. Оксалната киселина е во кристали кои се помали или поголеми во зависност од производителот. Внимавајте сирупот мора да биде топол за да успеете да ја соедините. Протресете го добро шишето за да ја растопите киселината.
Растворот пресипајте го во пластичен сад со широко грло за да можете без проблем да го полните шприцот. Најдобро е да користите шприц со големина од 50 мл. без игла или со мало цревце место игла.
Третманот го правите кога надворешните температури не се пониски од 3 оС, а не се повисоки од 10 оС. На оваа температура семејството е во клубе и најлесно можете да ја определите неговата јачина. Има мал проблем до колку во кошниците од типот ДБ пчеларот оставил многу храна па пчелите се во долниот дел од рамките и не се гледаат. Тоа не е проблем кај подниците со мрежа бидејќи ако ја извадите фиоката и погледнете преку рамките лесно ќе го видите клубето, односно таму кај што е темно тамо е клубето.
Кај кошниците од типот Фарер е многу полесно бидејќи потребно е само да се подигне едниот спрат и ги третирате само пчелите во долниот спрат тие преку контактот ќе ја пренесат киселината во горниот дел од клубето.
При одредување на јачината на друштвото требе да ги сметате само улиците што се полни со пчели (барем 80% од должината) бидејќи на таа температура пчели има и во останатите улици. Значи откако ќе го утврдите бројот на улици помножете го со пет и ќе ја утврдите потребната количина (за една улица ви е потребно 5 мл. раствор). Откако ќе ја определите потребната количина на раствор наполнете го шприцот и внимателно равномерно аплицирајте врз улиците. Таму кај има повеќе пчели задржете се подолго.

продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing