Откриен масовниот убиец на пчелите

Американските научници, во соработка со војската, ја решија една од најголемите биолошки тајни на новата доба – необјаснетото масовно изумирање на пчелите.
Од 2006-та година изумреле скоро половина од пчелите ширум светот. Бидејќи никој не знаеше за што станува збор, цело време се претпоставуваше дека тие умираат од пестицидите на генетски модифицираната храна.
Сега воените научници и етимолози пронајдоа нови „осомничени“. Имено, изгледа дека пчелите ги убива комбинацијата од габи и вируси. Не е познато како оваа смртоносна комбинација ги убива пчелите, но се верува дека таа во нивното тело влегува со храната.
Еден од бизарните елементи на синдромот на масовното изумирање кој истражувањето го прави неверојатно тешко, е фактот дека пчелите не само што умираат, туку тие пред да умрат се распрснуваат во сите правци, што е проблематично потоа да се најдат доволно цели мртви пчели за обдукција, објаснуваат научниците.

Комбинацијата на вируси и габи е пронајдена скоро во секоја колонија во која се истражувало. Научниците од Калифорнија ја идентификувале габата како „N.carnae“, a пронашле и неколку RNK вируси.
Екипата од Универзитетот во Монтана, со помош на воениот софтвер за анализа на протони, пронашле и нов ДНК вирус, кој го поврзале со габата.
Научниците нагласуваат дека новото откритие не е конечно и велат дека ќе бидат потребни додатни истражувања со цел да се открие како да се спречи заразата.
Од друга страна, проблемот може да се реши со заштита на колониите од габи, бар додека целосно не се открие причината.

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing