Прополисот и имунитетот на пчелната заедница

Преземано од Пчеларски журнал
Автор: Иван Умељич
Подготвил: Марјанчо Дончев
05.11.2010

Еден од механизмите на социјалниот имунитет кај медоносната пчела е собирање и користење на смолата, сложен растителен секрет со разновидни антимикробни својства. Пчелата ја собира смолата од различни видови на растенија и ја носи во заедницата каде ја користат како прополис - „одбрана на градот“ (pro-испред, polis-град). Собирањето на антимикробни состојки од природното окружување и нивно „вградување“ во гнездото како прополис многу е интересен, но и релативно неистражен социјален механизам за одбрана на пчелите од патогените организми. Пчелните заедници населени во дивината, во шуплони од дрва, ја обложуваат внатрешноста на живеалиштето со тенок слој на прополис со дебелина од 0,3 до 0,5 мм, формирајќи на тој начин „прополисна обвивка“. Со развивањето на заедницата пчелите без прекин додаваат прополис на зидовите од живеалиштето, со тоа што најпрвин ќе ги „армираат“ местата од каде ќе почнат да градат сотови. Покрај тоа пчелите прополисот го користат за затварање на непотребните отвори и пукнатини, каки и за стеснување на влезот на гнездото, од каде потекнува и името на оваа супстанција. Значи прополисот е прва препрека од штетните влијанија и наглите промени која што допринесува за одржување на хомосинтезата на пчелното гнездо: го забавува ширењето на микробите, спречува неконтролиран проток на воздух, спречува влегување на вода и влага во гнездото и ја штити пчелната заедница од непријатели.

Извори на смола (прополис) и процес на нејзино собирање Во регионите со умерена клима главен извор на смола е тополата (Populus sp.), потоа следуваат борот, брезата, брестот, буката и дивиот костен.

продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing