Најнови вести
Регистрација на одгледувалишта на пчели
Агенцијата за храна и ветерина започна со регистрација и определување на РБО на пчеларниците во Република Македонија.
Регистрацијата на пчеларниците треба да биде завршена најдоцна до 11.05.2012 година.
На 15.05.2012 година пчеларите треба да извршат попис на презимени пчелни семејства, додека вториот попис ќе се изврши на 15.10.2012 година. Податоците од извршениот попис одгледувачите на пчели треба да се достават до надлежното ветеринарно друштво во рок од 15 дена по датумот на извршување на пописот.
правилник
Еднодневна екскурзија во Централна Србија
Здружението на пчелари „Матица“ од Виница организира еднодневна екскурзија во Централна Србија. Предвидено е посета на Пчеларникот на Миљко Шљивиќ , Фабриката за пчеларска опрема РОЈ од Трстеник
Пчеларникот на Драган Јевтич од Опаричи.
Поаѓањето е од Автобуската станица во Виница на 28.04.2012 година во 02 часот.
Повеќе информации кај Марјанчо Дончев на телефон 078 361 210 или на daskaldoncev@yahoo.com и maticamk@gmail.com
Благовец 2012
Оваа година пчеларите од Виница празникот Благовестие го прославија заедно со пчеларите од Пчеларското друштво „Дунав“ од Апатин. На пчеларникот на Младен и Зага Стоименови во присуство на пчелари од Апатин, Кочани, Берово, Делчево и Софија пчеларите од Виница докажаа дека се добри домаќини и дека знаат како да докажат дека вредните секогаш успеваат. Галерија
Анкета
Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија, со цел да ја согледа состојбата во пчеларството врши анонимна анкета.
Пополнетата анкета пчеларите можат да ја достават на email maticamk@gmail.com или по пошта на адреса на Факултетот за земјоделски науки и храна за Александар Узунов.
Анкетата најдоцна да биде доставена до 31.03.2012, а податоците ќе бидат искористени во разговорите со Министерот по земјоделие, шумарство и водостопанство.
ПЧЕЛАРСКО ПРЕДАВАЊЕ
На ден 25.02.2012 година во Кино салата во Виница со почеток во 16 часот ќе се одржи двочасовно предавање за болести на пчелните заедници:
-Вароа Јакобсон
-Ноземоза
Предавач ќе биде познатиот пчелар од Р.Хрватска Дражен Јерман.
СУБВЕНЦИИ ЗА МАТИЦИ
По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, субвенциите за набавка на максимум 10 матици во 2012 година ќе изнесуваат 500 денари (за разлика од досегашните 350 денари). Оваа информација ќе стане официјална кога ќе се усвои Предлог програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2012 година.
Преземено од: http://www.apicentar.com.mk/ .
ПРИЈАВИВАЊЕ ЗА НАРАЧКА НА СУБВЕНЦИОНИРАНИ МАТИЦИ И РОЕВИ ВО 2012 ГОДИНА
Апицентар започнува со примање на нарачки за матици и роеви кои ќе бидат субвенционирани од страна на државата. За подетални информации дополнително ќе ве известиме.
Преземено од: http://www.apicentar.com.mk/ .
ГОДИШНО СОБРАНИЕ
Ве покануваме да учествувате на редовното Годишно собрание на Здружението на пчелари Матица-Виница.
Собранието ќе се одржи во просториите на Здружението на ден 04.02.2012 година со почеток од 16 часот.
Дневен ред:
1. Презентација и усвојување на Годишен Извештај за 2011 година ;
2. Презентација и усвојување на Програмата за работа за 2012 год.
3. Информација за Посета на пчеларскот саем во Плевен, Бугарија;
4. Разно
Меѓународен пчеларски саем „ПЛЕВЕН-2012“
Здружението на пчелари „Матица-Виница“ на 11.02.2012 година организира еднодневна посета на Меѓународниот пчеларски саем Плевен-2012. Поаѓањето е од Штип на ден 11.02.2012 год, во 02 часот. Релација на движење Штип-Кочани-Виница-Македонска Каменица-Делчево. Повратен билет чини 1300 денари.
Заинтересираните пчелари да резервираат место најдоцна до 05.02.2012 година кај Марјанчо Дончев на следните телефони:
070 385 765
078 361 210
Повеќе информации за саемот на следниот линк:
http://www.pchelarstvo.com/snimki_pleve/
Меѓународен пчеларски саем „Белград-2012“
Здружението на пчелари „Нектар“ од Битола на 18.02.2012 год. организира еднодневна посета на изложбата. Повратен билет за членовите на СПЗМ 1800 денари. Поаѓањето е од Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово, во вечерните часови на 17.02.2012 година.
Посетата ке биде остварена доколку има минимум 40 патници
Заинтересираните пчелари за посета на Симпозиумот на Апимондија и државниот пчеларски саем Белград-2012 да се пријават најдоцна до 10.02.2012кај Пеце Чавдаровски на тел. 078 294 133, 071 294 133 или на
e-mail pcavdarovski@yahoo.com
Сребрено признание за Виничкиот Шумски мед
На меѓународното отценување на квалитет на медот од реколта 2012 кое се одржа во Вараждин Р. Хрватска, а во организација на „Пчеларство онлаин“ медот со потекло од Виничкиот регион испратен од страна на пчеларот Тимко Јовановски од Виница во категоријата Шумски мед заслужено го освои второто место и се здоби со сребрено признание.
Му честитаме на Тимко за добиеното признание.
Нова пчеларска книга
На 12 јануари 2012 година од печат излезе нова пчеларска книга на мр. Наум Бенџов насловена како „ЛР кошница-Еколошко-Биолошко пчеларство“. На 332 страни со 360 фотографии, 68 шеми и 10 табели Наум Бенџов во детали го објаснува својот начин на пчеларење, а книгата е наменета на сите пчелари, почетници и професионалци.
Цената на кногата изнесува 1900 динари.
Повеќе информации на телефон 063-599-260 или емаил bandzovn@open.telekom.rs
ИЗЛОЖБА НА ПЧЕЛАРСКИ ФОТОГРАФИИ
Здружението на пчелари „Матица“ Виница на ден 17.12.2011 година во Просториите на Домот на културата „Тошо Арсов“ организира 7 дневна изложба на Пчеларски фотографии. Отварањето е во 18 часот.
Истиот ден од 19 часот во просториите на Црвен Крст Виница ќе се одржи Трибина на тема „Лековитите својства на пчелните производи“.
Гостин на настанот е мр. Пламен Иванов, Претседател на Бугарскиот Национален Браншов Пчеларски Сојуз.
Пчеларскиот форум на www.pcela.mk организира Форумска средба на пчеларите членови на форумот.
Средбата ќе се одржи на 11.12.2011 година во ресторан Галеб Скопје со почеток во 12 часот. Во ресторанот е предвиден заеднички ручек
Мени:
- Мешана салата, Плескавица, Пилешки стек, Гарнир: пекарски компир, вариво
- Пијалоци: 2
Цена: 410 денари
Ќе имаме специјален гостин кој останува изненадување,
покрај гостинот има уште неколку изненадувања од организаторите
Ќе ни биде посебна чест и задоволство да присуствувате на ваков настан
Меѓународно отценување на медот
Здружението на печари и граѓани Пчеларство онлаин организира меѓународно отценување на мед 2011/2012 година кое ќе се одржи на 29.12.2011 година. Примероци може да достави најдоцна до 20.12.2011 година секој пчелар кој произвел најмалку 25 кг мед од кој е земен и доставен примерок за отценување.
Продолжува